Десет стории што ќе го
променат светот. Барем за камионџиите.

Новиот Volvo FH беше направен со една работа на ум: возачот. Бидејќи клучот на профитабилноста е во тоа да се привлечат и да се задржат најдобрите возачи.

Volvo FH ќе им помогне да работат уште подобро – и да заштедат до 10% гориво. Тој содржи голем број иновации кои се јавуваат за првпат во светот, за побезбедно возење, побрзо товарање, помал замор и зголемена продуктивност.

Ова списание ви носи топ десет стории, а секоја од нив раскажува своја приказна: Крајниот резултат.

Прочитајте ја првата сторија овде

Разгледајте
наоколу
Новиот Volvo FH од шест различни агли
 
 

Дизајн

„Дизајнот ги прославува возачите на камиони“
Рикард Орел, директор за дизајн.

Кога влеговме во најтајното дизајн-студио, Асок Џорџ застана пред новиот Volvo FH.

„Секогаш кога го откриваат, едноставно, мора за момент да застанам и да го погледнам. Сè е ново, а нема сомнеж дека тоа е Volvo.“

Асок Џорџ е одговорен за надворешниот дизајн на новиот Volvo FH, но препознатливиот идентитет беше приоритет за секој поединец во дизајнерскиот тим.

„Со закосениот ветробран, Volvo FH секогаш може лесно да се разликува. А така ќе биде и понатаму“, рече Асок Џорџ.

Со исправањето на ветробранот за да се добие повеќе простор во кабината, аголот на покривот стана уште позначаен. Благодарение на тоа стилот на кабината сè уште има непогрешлив профил.

Карина Бистром, дизајнер за внатрешност.

„Не смеете да поминете незабележано кога возите Volvo. Наша цел е да го направиме најлесно препознатливиот камион на патот“, рече Асок Џорџ.

Одиме од едната страна на кабината до другата. Асок Џорџ и Рикард Орел, директорот за дизајн на Volvo, посочија различни одлики и детали. Добриот спој меѓу деловите на каросеријата, прецизното вклопување и финализацијата коишто беа постигнати. Линиите и кривините на кабината се она што дизајнерите го нарекуваат графика. Целта овде беше да се создаде целосна форма, а не само лице и две страни. Затоа, линиите и графиката продолжуваат околу целата кабина.

Но, уште поважно од линиите е држењето – ставот на камионот.

„Да, тој е витален. Тој треба да ги покажува ефикасноста и динамичноста на камионот. Треба да изгледа дека се движи, дури и кога мирува“, рече Асок Џорџ.

Новиот Volvo FH изгледа како да е наведнат нанапред, со тркалата притиснати на подлогата и подготвен да истрча. Овој впечаток делумно го прави графиката – важен дел е дизајнот на куќиштата за тркалата и крилата. Горниот крај на крилата оди напред и надолу – правејќи динамична линија што ја засилува формата на сводот на тркалото.

„Volvo е бренд што се грижи за луѓето.
Се надеваме дека можете да го видите тоа во дизајнот“

Се качуваме во кабината. Сега ја напуштаме областа на дизајнот на Асок Џорџ и влегуваме во доменот на дизајнерот на внатрешноста, Карина Бистром.

Внатрешноста е пространа и светла, наспроти тоа што вештачкото осветлување никаде не е ни блиску до дневното. Отворот за случај на потреба, кој е двојно поголем (како сончев покрив) е само дел од причината, а кабината генерално има поголеми прозорци.

„Дизајнот го засилува чувството на простор во кабината. Токму затоа, работевме со големи, опфатни линии и креиравме чисти површини“, рече Карина Бистром.

„Земете ја инструмент-таблата. Таа оди од А-столб до А-столб, нагласувајќи го пространството на кабината“, додаде Рикард Орел.

Токму како и надворешноста, дизајнот во кабината мора да ја изразува филозофијата на Volvo и скандинавското наследство.

„Облиците и формите треба да бидат вистински“, рече Рикард Орел. „А не комплицирани или вештачки.“

Асок Џорџ, дизајнер за надворешност.

Шемата на боите во кабината е сосема нова. Доминантната боја е светла, суптилна и „многу скандинавска“. Кон подот тоновите се потемни, а кон таванот тие стануваат посветли – што ја отвора кабината и ја подобрува просторноста.

Опфатните форми се насекаде. Инспирацијата потекнува од бентвуд стилот на шведскиот дизајн на покуќнина кој е популарен од 30-тите години. Впечатокот е во изработката и во цврстината. Но, во кабината нема дрво.

Многу труд е вложен во површините и во материјалите. Барањата за материјалите се строги – абењето и кинењето се проблем, а сè мора да биде трајно.

„Квалитетот е важен, а нашите клиенти се многу пребирливи во таа насока. И треба да бидат“, рече Рикард Орел.

Друг детаљ што му дава карактеристичен профил на Volvo FH, се неговите странични ретровизори.

„Сакавме да ги направиме ретровизорите потенки, така што нема толку да ја попречуваат видливоста. Сега се врти целиот ретровизор, а не само огледалото во големото куќиште“, рече Асок Џорџ.

Исто така, потенките ретровизори го намалуваат воздушниот отпор. Иако е повисок од неговиот претходник – водачот во аеродинамичноста, новиот Volvo FH е исто толку аеродинамичен.

Дури и надворешните бои помагаат да се остави долготраен прв впечаток.

„Со поголемо заоблување на аглите успеавме да направиме кабина со маргинално помал воздушен отпор“, рече Асок Џорџ.

Тука доаѓа и добриот спој на деловите на каросеријата. На пример, спојот меѓу долниот и горниот дел на кабината е целосен. Тоа ги покрива моторот, потпирањето и деталите кои инаку се видливи во процепот.

“Камионот е постегнат од сите страни. Како резултат на тоа, воздухот струи околу кабината, а не низ неа. Ова прави чуда во поглед на аеродинамичноста и дополнително ја намалува потрошувачката на гориво“, рече Асок Џорџ.

Дизајнот изразува самодоверба без агресивност. Идејата е, секако, да се привлечат операторот и возачот.

„Последниве години вредноста на вештите возачи драстично се зголеми. Постои уметност во возењето камион. Според мене, дизајнот ги прославува возачите на камиони во целиот свет“, рече Рикард Орел.

Но, возачите не се единствените коишто треба да се задоволат.

„Тука се и транспортните оператори, кои се наши клиенти, како и заедницата, односно сите оние што се во контакт со камионот кога тој се користи. Одлично е ако луѓето мислат дека нашите камиони се импресивни, но тие не смеат да се плашат од нив“, рече Рикард Орел.

„Volvo е марка што се грижи за луѓето. Се надеваме дека тоа можете да го видите во дизајнот“, рече Асок Џорџ, кој уште еднаш го погледна камионот пред повторно да го покрие сивата покривка. .



Конечниот
тест

Управување

Зад сцената

„Мислев дека сите спектакли што можат да се замислат се веќе направени. Но, згрешив.“
Петер Педреро, координатор на спектакли

Она што го гледате на овој филм е реално. Некои можеби ќе го сметаат за претерано. Ние сметавме дека тоа е возбудлив начин да се демонстрира прецизноста и контролата на новиот Volvo FH. Дали бевме во право?

Алан Џонс го притиска педалот и 750-те коњски сили се пуштаат во погон. Во исто време, вториот Volvo FH почнува да се движи на другата страна од автопатот. Брзината е постигната и двата камиона возат паралелно на двете страни на заштитниот појас меѓу коловозите. Потоа се одвојуваат (само малку) затегнувајќи ја лентата што ги поврзува нивните приколки.

Во неговиот ретровизор, Ален може да ја види Фејт Дики како стои на покривот на другата приколка, подготвена да зачекори по лентата. Нејзината облека се вее на ветрот. Дали ќе може да ја помине лентата меѓу камионите без да падне?

Се сретнавме со Фејт Дики токму пред да ја направи големата проба, додека екипата сниматели ги поставуваа камерите на камионите и на хеликоптерот. Секој чекор што таа ќе го направи ќе биде снимен.

„Имам одено по ленти меѓу врвови на карпи 1.200 метри над земјата“, рече Фејт. „Но, ова е различно. Возачите се фантастични, но без разлика како возат, лентата се движи наоколу во сите насоки. И секогаш кога има и најмала неправилност на патот лентата почнува да отскокнува нагоре-надолу.“

Фејт Дики е Американка и е едно од големите имиња во слеклајнинг (одење по лента). Тоа е нов спорт што се појави кога качувачите по карпи прво почнаа да затегаат најлонски ленти меѓу дрвјата, а на крај и меѓу врвовите на карпите.

  • Робин Ерл, главен за опремата
  • Фејт Дики, светска рекордерка во слеклајн (одење по лента)
  • Фејт вежба додека камионите се во мирување.
  • Петер Педреро, координатор на спектакли
  • Ален Џонс, возач каскадер

Денес овој спорт брзо се развива, но не само поради видеата на YouTube кои го запираат здивот. Фејт е светска рекордерка во одење по лента на големи височини (highlining) за жени: 81 метар, и најдолгото женско слободно соло-одење од 26 метри, без сигурносно јаже што би ја спасило доколку падне. Но, таа не ни сонува да оди по лента меѓу два камиона во движење без сигурносно јаже, најмногу поради брзината на ветерот.

„Навистина е тешко да се поверува колку многу ветар има на покривот кога камионот ја постигнува брзината. Згора на тоа, има и налети на ветар што доаѓаат од планините и силен ветар во тунелот што го создаваат камионите.“

Погледот е неопислив. Ние сме на речиси завршената делница на автопатот на планините меѓу Сплит и Дубровник во Хрватска. Бидејќи патот сè уште не е отворен за јавноста, можеме да го направиме нашиот тест без љубопитни гледачи или сообраќај.

Безбедноста е од суштинско значење за Volvo – и за Петер Педреро, координаторот на спектакли за нашиот филм.

„На почетокот мислев дека ова никогаш нема да успее“

„Спектаклите не се за невнимателните. Безбедноста е секогаш на прво место. Секогаш мора да се подготвувате за најлошото сценарио и да планирате како да се справите со него. Деталната подготовка и планирање се сè“, рече Петер Педреро.

„Мислев дека сите спектакли што можат да се замислат се веќе направени. Но, згрешив. Судирање бродови при 40 јазли, превртување во запалени автомобили – сето тоа спаѓа во работниот ден. Но, никој порано не одел по лента меѓу два камиона во движење. Изгледа како голем предизвик, предизвик што ме возбудува.“

Тестот поставува огромни барања за возачите. Ален Џонс е професионален возач-каскадер со многу филмови зад себе. Јенс Карлсон, професионалниот возач кој го вози другиот камион Volvo FH, во изминатите 23 години има направено безброј тест-возења за Volvo.

„Не сум сигурна дека ова ќе беше можно да се изведе со кој било друг камион“

„Ова е најтешката работа што сум ја направил досега. Тој бара неверојатна прецизност. Ако е само неколку сантиметри поблиску, лентата ќе се олабави и Фејт ќе падне“, рече Јенс Карлсон.

Многу нешта зависат од двата камиона. Ова е конечното тестирање на управувањето на патот и стабилноста на новата серија Volvo FH. Светските новини, како што се управувањето со назабена летва и индивидуалното предно потпирање се двете работи што му овозможуваат на возачот да вози многу прецизно. (Прочитајте повеќе за технологијата во следниот напис).

„Не сум сигурен дека ова може да се изведе со кој било друг камион“, рече Џенс по тренингот со Фејт на лентата, што го изведува со денови.

Неотворениот автопат се состои од права делница, долг свиок и два тунела зад долгиот свиок. Фејт треба да помине на другата страна пред камионите да поминат низ тунелите. Потоа лентата се кине.

„Во почетокот мислев дека ова никогаш нема да успее“, рече Фејт. „Ние постојано вежбавме, а јас постојано паѓав. Но, потоа почувствував дека е возможно навреме да ги поминам деветте метри до другиот камион.“

Таа изгледа концентрирана. Сега вежбањето заврши, камерите снимаат, па време е да дознаеме. Дали Фејт ќе успее да помине на другата страна?

Камионите тргнуваат по автопатот. Фејт ги прави првите пробни чекори на лентата. Хеликоптерот ја минува патеката со неговиот телеобјектив од отворот на вратата. На покривот на приколката каде што седиме ветерот е безмилосен, но Фејт не се откажува. Камионите свртуваат во свиокот, а тунелите изгледаат сè поблиску. Фејт се лула … .


Се чувствувате како да возите автомобил

Два дела од светските новини го креваат управувањето на повисоко ниво. Со независно потпирање и управување со назабена летва, Volvo FH доби квалитети коишто претходно им беа достапни само на автомобилите.

Тешко е да се одржува камионот на тесен и нерамен пат.

„На таков пат секогаш полесно се управува автомобил. Возачот седи многу пониско и има поголеми маргини“, рече Никлас Фројд, специјалист за динамика на возилата во Volvo.

Автомобилот има уште една предност – индивидуално потпирање. Секое тркало на автомобилот има сопствена оска, така што може да се врти независно од другите.

„Секој пар тркала на камионот треба да дели оска. Така што едно тркало во голема мера влијае на движењето на друго тркало“, објаснува Никлас Фројд.

Новиот Volvo FH малку ги изедначува работите. Одлучете се за новото индивидуално предно потпирање (ИПП) на Volvo и ќе добиете квалитети на управување на патот што ги надминуваат сите други тешки товарни возила.

„Чувството како да возите автомобил станува стандард кај сите нови Volvo FH камиони. Но, ИПП ве носи чекор подалеку. Камионот уште помалку се лула во свиоци и како стрела минува низ правите делници, дури и ако патот е нерамен“, рече Никлас Фројд.

ИПП е предуслов за другиот дел од светските новини за тешки камиони – управување со назабена летва.

„Со ИПП, камионот уште помалку се лула во свиоците“

Како доминантна во автомобилската индустрија, оваа технологија го подобрува чувството на контрола во управувањето и контактот со патот. Кога го вртите управувачот на возилото со управување со назабена летва, тркалата веднаш реагираат, за разлика од конвенционалното управување со рециркулирање топчиња кое често има одреден празен òд.

„Разликата меѓу возењето камион и возењето автомобил никогаш не била помала“, рече Стефан Акселсон, кој ја раководи групата на Volvo што ги разви новите квалитети за управување.

Она што често го забораваме кога зборуваме за управувањето е како тоа влијае на ефективноста на возачот, која пак влијае на одржливоста на компанијата.

„Добрите управувачки карактеристики го прават возењето помалку напорно. Тоа му помага на возачот да биде внимателен и да вози безбедно“, рече Стефан Акселсон.

„Освен тоа, незаморениот возач подобро ја претставува компанијата кога ќе пристигне со испораката за клиентот.“

Сите модели имаат нова амортизација, помоќни пружини за придушување и целосно нова шасија

Во сите нови Volvo FH камиони, многу подобрувања се поврзани со геометријата. На амортизерите и на деловите на шасијата им се додадени нови агли, така што шасијата е поцврста.

„На пример, пружините на потпирањето на задниот дел од кабината. Тие се раздвоени за 25 cm, што го зголемува придушувањето на скршнувањето за повеќе од 50 проценти“, рече Стефан Акселсон.

Друга важна предност е задното потпирање, кое претходно го пренесуваше ударот од тркалата до шасијата.

„Сега амортизерите имаат нов агол што ја пренесува енергијата до приколката“, рече Стефан Акселсон.

Слични приспособувања се направени во неколку области на Volvo FH, на кој му се додадени помоќни пружини на потпирањето. Сево ова го подобри придушувањето на скршнувањето за 100 проценти. .

Она што го гледате е тоа што го заштедувате

Гориво

Новиот Volvo FH штеди до 10% гориво – и го
исполнува Euro 6.

Вести од светот!

Поекономичен и поефикасен. Тоа е комбинација за која никој не веруваше дека е возможна, особено доколку го исполнува стандардот Euro 6. Но благодарение на техничките продори, како што е новата погонска група I-Torque, новиот Volvo FH заштедува до 10 проценти гориво.

„Во исто време поставува нов стандард за управливост. Забрзувањето е фантастично“, рече Мат Францен, одговорен за стратегии за мотори во Volvo Trucks.

Можете да ја почувствувате реакцијата во моментот кога ќе го притиснете педалот за гас. Моќноста се добива веднаш и тоа продолжува сè до постигнување максимална брзина. Без прекини и без намалување на нагорнини и во кривини.

Единственото нешто што е намалено е потрошувачката на горивото. За една година заштедата е преку 4.100 литри на 140.000 километри.

„Секогаш работиме на ефикасноста на искористувањето на горивото за да заштедиме капка овде капка онде. Но ова нешто сосема понакво, сега одеднаш ја кратиме потрошувачката на горивото до 10 проценти – тоа е револуција“, рече Мат Францен. И тоа наспроти добро познатиот факт дека Euro 6 значи почисти издувни гасови на сметка на зголемена потрошувачка на енергија – всушност, најголемиот број од производителите сметаат на зголемување на потрошувачката на горивото од неколку проценти.

Слично на менувачите што се користат во тркачкиот свет, I-Shift 2 е со двојна спојка така што го менува степенот на пренос во дел од секундата.

„Причината за успехот на Volvo е во големиот број иновации што работат заедно. Најважната е I-Torque, нашата нова погонска група за превоз на долги релации. Но I-See има, исто така, голем придонес”, рече Мат Францен.

I-See му овозможува на камионот да ги памти ридовите и да ги менува степените на пренос на оптимален начин за да штеди гориво. (I-See сега е достапен со Euro 5. Прочитајте повеќе за I-See во следниот напис.)

Новата погонска група е направена врз основа на варијанта на ефективниот мотор D13 на Volvo, кој станува многу поекономичен кога работи во тесен опсег при мал број вртежи – меѓу 900 и 1.200 вртежи во минута.

„Моторот е најефективен при навистина мал број вртежи. Има помалку триење, помалку впрскувања и согорувања. Моторот едноставно дише полесно“, објасни Кристијан Нилсон, менаџер на проект за новите Euro 6 мотори.

Новиот Euro 6 мотор D13
дава поголем вртежен момент при помал број вртежи.
I-Shift 2 на Volvo е првата трансмисија во светот со двојна спојка за тешки товарни возила.

„Навистина е доживување да се вози на автопат и да се види мерачот на вртежите цело време да покажува толку мал број вртежи. Ја постигнувате брзината без да морате да го зголемите бројот на вртежите, а моторот тешко може да се чуе.”

Тоа е овозможено со зголемениот вртежен момент од 2.800 Nm. Благодарение на новата турбо технологија, моќноста е, исто така, најголема при мал број вртежи. Тоа прави 460 КС да изгледаат како многу повеќе, наспроти тоа што моторот е толку економичен.

Но, возење при толку мал број вртежи не би било возможно без новата трансмисија, I-Shift 2. Таа е со двојна спојка, така што може да ги менува степените на пренос многу побрзо без губење на моќноста.

„Чувството е навистина чудесно. Моќноста е тука цело време, не губите ништо при менувањето на степените. Едноставно тече, благо и тивко,” рече Бјорн Лингсјо, менаџер на проект за I-Shift 2.

Слични менувачи се користат во тркачкиот свет, а почнаа да се појавуваат и кај автомобилите, но Volvo е прв во светот со оваа технологија кај тешките товарни возила.

„Како да имате два I-Shift менувачи за менување во дел од секундата. Кога почнувате да возите во првиот степен на пренос на едниот, вториот степен на пренос е веќе поставен на другиот”, рече Бјорн Лингсјо.

„Сега можете да држите чекор со автомобилите по црвеното светло“

„Сега можете да држите чекор со автомобилите по црвеното светло или по патарините на автопатиштата. Брзо ја постигнувате брзината и потоа лесно е да се одржува постојана брзина на целиот пат дури и ако има многу нагорнини. Тоа значи зголемена продуктивност”, рече Бјорн Лингсјо.

Исто така, со I-Shift 2 можете полесно да се справувате и со острите кривини.

„Нема проблем да се смени степенот на пренос среде кривина – секогаш имате сила за влечење. Еден од тест возачите го спореди со погонски тркала што со смукање се лепат на патот.”

Новата погонска група I-Torque е на располагање само со новиот Euro 6 мотор.

„Но, дури и со тековната Euro 5 погонска група може да се заштеди многу гориво. Така што секој кој ќе купи нов Volvo FH ќе има многу поекономичен камион со помош на I-See и другите подобрувања”, рече Мат Францен. .


Првиот камион
што ги помни ридовите
Обидете се да го победите. Имате 10 секунди да ги запомните ридовите
Вие: 0
I-SEE: 0
00:00
ВИЕ СТЕ НА РЕД I-SEE Е НА РЕД

    Заштедува гориво, дури и на најмалите падини

    Вести од светот!

    Кога првпат го возите новиот Volvo FH на нагорнина, I-See го забележува тоа. Кога возите по ридот по втор пат, тој управува со вашата брзина и со менувањето на степените на пренос, така што заштедувате до 5 проценти гориво. I-See е значаен пробив и сега е достапен со Euro 5.

    „Ова е најдобра интуитивна технологија. Можеби мислите дека стрмните нагорнини значат поголеми заштеди, но всушност тие се поефективни на благи падини“, рече Андерс Ериксон, одговорен за I-See во Volvo.

    Како I-See штеди гориво со помнење на ридовите.

    Кога камионот ќе наиде на брановиден терен што го памети, I-See ѝ помага на интелигентната трансмисија (I-Shift) да управува со брзината и со менувањето на степенот на пренос со максимално ефикасно искористување на горивото. Сè на сè, тој врши шест различни маневри за да ја намали потрошувачката на гориво. На пример, тој забрзува на време за најдобро да ја искористи гравитацијата, притоа избегнувајќи непотребно користење на моторот.

    „Ова веќе го прават умешните возачи. Но, ако возите камион осум часа, веројатно тоа нема да го правите на истиот начин. Бидејќи I-See управува со падините, вие можете да се концентрирате на другите аспекти на возењето“, рече Андерс Ериксон.

    Заедно со најефикасните поставки на темпоматот, на делниците каде што се користи I-See, потрошувачката на горивото може да се намали за 5 проценти. Колку ќе изнесува намалувањето зависи од тоа колку го користите I-See. А бидејќи тој самиот учи, не се потребни мапи или ажурирања. Ова, исто така, заштедува пари.

    Иако I-See е главното подобрување за заштеда на горивото, постојат и други важни фактори. Еден од нив е самиот I-Shift, автоматската трансмисија на Volvo со дванаесет степени на пренос којашто го избира оптималниот степен на пренос за да заштеди гориво.

    „Кога ќе откриете колку брзо и непречено ги менува степените на пренос ќе сфатите зошто I-Shift стана популарен меѓу возачите“, рече Андерс Ериксон. .

    I-See има функции за шест различни фази на ридот

    забрзува пред ридот избегнува намалување на степенот на пренос на врвот на ридот доколку е можно ја контролира брзината пред надолнина започнува со слободно движење пред надолнина овозможува оптимално сопирање надолу по ридот ја ослободува сопирачката на дното

    Секоја
    капка
    е важна
     
    СЕКОЈА ГОЛЕМИНА Е ДОБРЕДОЈДЕНА Одберете возач за да го приспособите седиштето

    Работно место

    Висок или низок, виток или крупен, секој возач има удобна положба. Новото возачко седиште има подобар тапацир и е поразновидно.

    Тајната е во управувачот. Со навалување на столбот, одлика што асоцира на луксуз, управувачот може да се навалува, а не само да се крева или да се спушта, како што беше претходно.

    „Кога вашите раце малку се спуштаат, возењето се подобрува“, рече Петер Јохансон, инженер за дизајн во Volvo.

    Заедно со функциите за кревање и спуштање, управувачот може да се навали за 40 степени – 10 од нив се должат на функцијата за навалување на столбот. Со повертикалниот управувач Volvo FH дава чувство слично на конвенционалниот автомобил. Ова чувство го помага и независното предно потпирање, прво во светот во Volvo FH.

    „Volvo FH е прв камион со навалување на столбот на управувачот. Тајната е во управувачот“.

    Особено на високите возачи ќе им се допадне зголемениот опсег на приспособување на возачкото седиште. Во новиот Volvo FH, седиштето може повеќе да се лизга наназад, или, да бидеме прецизни, 4 сантиметри. Севкупно, седиштето може да се лизга до 24 сантиметри напред-назад, што е најдобро во класата. Опсегот за кревање или спуштање на новото седиште е 10 сантиметри.

    Седиштето има и нова форма. Меѓу другото, тоа има подобра странична потпора и потпора за подолги нозе. Но ова е деликатно: не е добро потпората за нозете да биде премала, ниту пак преголема, затоа што на возачот ќе му биде потешко да седнува и да станува од седиштето.

    „Новото седиште е неверојатно, особено кога ќе сфатите дека е дизајнирано за да одговара на речиси секој облик и големина на возачот“, рече Петер Јохансон. .


    • Мал поглед е сè што ви треба за да знаете сè што треба да знаете. Тоа е идејата на новата јасна инструмент-табла. Вистинските копчиња и команди се на дофат на вашите прсти. А копчињата што најчесто ги користите лесно можете да ги ставите најблиску.

    • А

      А. Дисплеј за информирање на возачот

      Со интегрирање на мерачот на брзината со дигитални мерни инструменти и индикатори, најважните информации се добиваат со еден поглед на дисплејот за информирање на возачот. Уште повеќе, возачот може да го приспособи дисплејот и да одбере да користи до три омилени мерни инструменти преку командите на управувачот.

    • Б

      Б. Секундарен дисплеј

      SID или секундарниот информациски дисплеј е интегриран во инструмент-таблата и има нов екран за навигација со остра слика, до 4 камери, вашата музика и мобилен телефон – и Dynafleet комуникација.

    • В

      В. Со звук и со слика

      Сите звуци за информирање се подобрени со цел да бидат јасни, а да не ви одат на нерви. Осветлените команди сега имаат рамномерен светлосен извор, а осветленоста ја контролира возачот.

    • В

      В. Со звук и со слика

      Сите звуци за информирање се подобрени со цел да бидат јасни, а да не ви одат на нерви. Осветлените команди сега имаат рамномерен светлосен извор, а осветленоста ја контролира возачот.

    • Г

      Г. Команди во управувачот

      Прекинувачот на управувачот ви овозможува да управувате со инструмент групата на возачот и со секундарниот дисплеј. Самите копчиња се поергономски, меѓу другото и вртливиот прекинувач, што ви помага да ги контролирате инструментите и да се движите низ менијата.

    • Д

      Д. Подвижни преклопни прекинувачи

      Постојат повеќе преклопни прекинувачи, а голем број од нив се подвижни. Секое подвижно копче е поврзано со одредена функција, така што кога ќе го преместите копчето, со него се преместува и функцијата.

    • Ѓ

      Ѓ. Јасни симболи

      Сите симболи на копчињата и командите се редизајнирани заради континуитет и јасност.

    • Е

      Е. Ергономски командни рачки

      Сите рачки и команди имаат поергономски дизајн. Тие брзо можат да се најдат, а интегрираните копчиња лесно можете да ги користите без да ги тргате очите од патот.

    • Ж

      Ж. Црна табла

      Дигиталниот дисплеј може да работи во режим на црна табла, во кој сè е затемнето освен законски задолжителните инструменти. Кога возилото е во мирување дури и екранот може да биде затемнет.

    Намалете го времето што му е потребно на возачот за да го сврти погледот од патот и ќе го намалите ризикот од незгода – ова беше размислувањето при дизајнирањето на инструмент-групата на новиот Volvo FH. Тоа доведе до поголема флексибилност на групата и помалку визуелно одвлечено внимание.

    Дизајнерите вложија голем труд за да исфрлат сè што ја попречува линијата на гледање на возачот. Мазните, чисти површини прават похармонично опкружување за возење. Добар пример за тоа е секундарниот дисплеј (SID), којшто е интегриран во инструмент-таблата и не го попречува вашето видно поле.

    „Да го имате вистинското нешто на вистинското место е нешто што ги надминува самите инструменти“.

    Друг важен аспект е подобрување на квалитетот на сликата на екраните.

    „Новите екрани имаат подобар контраст, острина и боја. Исто така, полесно е да се движите низ менијата и да го најдете тоа што го барате“, рече Нина Теодорсон која работи со групата. Тоа овозможува полесно лоцирање на информациите.

    Да го имате вистинското нешто на вистинското место е нешто што ги надминува самите инструменти. Копчињата и рачките што се потребни за контролирање на возилото, исто така, треба лесно да се видат и користат. Токму затоа копчињата сега имаат површини коишто им овозможуваат на прстите да ги распознаваат, како и препознатливо чувство на кликање.

    Зошто добриот возач е клучот за профитабилноста.

    „Возачот или операторот може едноставно да ја преуреди позицијата на неколку копчиња, така што најчесто користените одлики ќе бидат најблиску до раката“, рече Нина Теодорсон.

    Фиксните копчиња најчесто се ставени блиску до областа што ја контролираат. На вратата има копчиња за прозорците и страничните ретровизори, а на таванот копчиња за жолтото трепкачко светло, микрофон итн.

    „Тие се наоѓаат на местата каде што најверојатно ќе ги побарате“, рече Нина Теодорсон.

    Позицијата и дизајнот на контролите е пасивна мерка која му помага на возачот да ги најде потребните информации без доцнење. Постојат и активни мерки кои се дополнително развиени – една од нив е информативниот систем за возачот. Тој може да одложи дојдовен телефонски повик во ситуација во која на возачот му е потребна целосна концентрација. Повикот се воспоставува веднаш потоа.

    „Друг пример е одликата за поддршка за менување на лентата, која сега има посилно црвено светло и појасен звук за предупредување“, рече Нина Теодорсон. „Севкупно, овие промени придонесуваат за побезбедно работно место за возачите и помалку штета за камионот“.

    „Сега возачите можат да ги задржат очите таму каде што тие треба да бидат – на патот“. .

    Погледнете колку
    камионџии може да собере <новиот br/>Volvo FH

    Простор

    Петер Јохансон е еден од творците на новата кабина. Тој ни раскажува за предизвикот да се создаде ефективна работна средина, која е исто така и опуштена домашна средина. Клучот беше кабина со повеќе простор.

    Првиот чекор беа вертикалните А-столбови. Новата кабина е и повисока, а подот е понизок. Висината на тунелот за моторот е преполовена, така што движењето низ кабината е полесно.

    „Сега сите кабини имаат висина за целосно исправено стоење. Вертикалните А-столбови додаваат дополнителни десет сантиметри воздух помеѓу возачот што седи и ветробранот. Целата кабина е посветла и попросторна“, рече Петер Јохансон, одговорен за ергономијата на кабината.

    „Сега сите кабини имаат висина за целосно исправено стоење“

    Севкупно, кабината е зголемена за еден кубен метар. Повеќе воздух, но исто така и повеќе простор за складирање.

    „Каде и да седнете во кабината, имате на дофат простор за складирање. На пример, новите полици над вратите. Тие се идеални за малите работи што често треба да ги понесете со себе кога влегувате и излегувате од кабината“, рече Петер Јохансон.

    Зголемената застаклена површина го зголемува чувството на светлина и простор. Ветробранот и страничните прозорци се поголеми. Доколку сакате, можете да имате и дополнителен страничен прозорец.

    „А сега имате и многу дневна светлина што доаѓа одозгора, благодарение на големиот сончев покрив што функционира и како отвор за случај на потреба“, рече Петер Јохансон. .


    Што ќе понесете со вас
    доколку имате дополнителен простор за складирање од 300 литри?

    Попаметно искористен простор за компактно живеење

    Дополнителниот кубен метар простор во новата кабина е добро искористен. Не само со дополнителен простор за складирање, туку и со нови, функционални идеи што ви овозможуваат да понесете со вас повеќе лични работи – и да ги користите.

    Новиот дизајн овозможува квалитетот на животот внатре во кабината да биде подобар. Една од многуте функционални идеи се жалузините на преградите за складирање што ги спречуваат вашите лични работи да паднат.

    „Одбравме жалузини затоа што тие додаваат чувство на квалитет во внатрешноста – но, уште поважно – затоа што тие можат целосно да се отворат без одземање на просторот за живеење во кабината“, рече Петер Јохансон, одговорен за ергономија во Volvo Trucks.

    Горните предни прегради се направени поголеми и имаат сопствени полици што се отстрануваат. Со ова можете полесно да ги организирате вашите работи и тие да ви бидат средени. Горните прегради на задниот дел на кабината се достапни на различни висини, што ви овозможува да го оптимизирате просторот со или без втор кревет.

    „Овие имаат жалузини што се отвораат странично – слично на ормар каков што можеби имате дома – и светло што автоматски се вклучува кога ќе ги отворите“, рече Петер Јохансон.

    „Ги одбравме жалузините затоа што даваат чувството на висок квалитет“

    Има дури и ормарче на склопување за сушење влажна облека во дождливите денови.

    „Ормарчето за сушење е платнена торба со вентилатор во долниот дел. Кога не се користи, едноставно превиткајте го и ставете го настрана. Тоа е одлично за ветровка и помали предмети, како капа и ракавици“, рече Петер Јохансон.

    Ако сакате, можете ладилникот, кој инаку е сместен под креветот со фиоките на долниот простор за складирање, да го ставите на полицата над креветот.

    „Ладилникот е зголемен од 22 на 33 литри и вклучува комора за замрзнување. Тоа ви овозможува да складирате повеќе храна и да ги чувате млекото и шишињата исправени. Има дури и простор за шишиња од PET од 1,5 литри, така што пијалаците сè уште ќе бидат ладни кога ќе ги пиете“, рече Петер Јохансон.

    Друг паметен детаљ е фиоката, скриена на страната на инструмент-таблата, што комбинира цврст држач за чаши со скриена преграда за ваши лични потреби.

    • Темелно реновирање на домот
      Нордиска земја Новата форма на креветот прави да го чувствувате многу поголем и покомфорен.
    • Бизнисмен За подобар ефект, светлата за читање се поставени зад креветот. Исто така, има едно зад седиштето на возачот.
    • Ориентален спокој Просторот за складирање е зголемен, но е скриен зад ѕидовите и под креветот.

    Сместување

    Оаза на пустиот пат

    Добро опремената кабина која овозможува сместување е повеќе од комфор – таа е конкурентна предност. Во потрагата по највештите возачи, комфорната кабина станува сè повредна.

    Кога возачот може да се релаксира и добро да се наспие, тоа можете да го видите во сметководството. Има поголема ефикасност, помалку повреди, помалку штета на камионите и повеќе навремени испораки.

    „Одморениот возач прави помалку грешки и, едноставно, чини помалку пари“, рече Рикард Орел, директор за дизајн во Volvo Trucks.

    За транспортниот оператор добрата кабина е предуслов за привлекување најдобри возачи.

    „Добрите возачи стануваат ретки. Операторите кои нудат најдобри работни услови имаат предност“, рече Рикард Орел.

    Што е уште поважно, добрата кабина има простор за работа и за одмор. Тоа беше целта со новиот Volvo FH.

    „Ја споредивме кабината со бизнис-хотел. Таа треба да биде чиста, уредна и ефективна, а сепак во исто време да има домашна атмосфера“, рече Карина Бистром, одговорна за внатрешен дизајн во Volvo Trucks.

    Една од целите беше да се создате спокојно опкружување. Токму затоа, во кабината доминираат мазни и чисти површини и опфатни форми.

    „Спокојното, ненатрупано опкружување во внатрешноста овозможува возачот да остане сконцентриран на она што се случува надвор од возилото“, рече Рикард Орел.

    За концентрацијата помага и положбата на инструмент-таблата. Од возачкото седиште лесно можат да се дофатат копчињата и рачките што се потребни за маневрирање со возилото. Исто така, тие се обликувани на таков начин и имаат такви површини што лесно можат да се препознаат со прстите, така што не мора да го тргате погледот од патот.

    Дизајнот му помага на возачот да остане долго време зад управувачот без да мора често да застанува.

    „Токму затоа е важно можностите за нагодување на седиштето и управувачот да имаат голем опсег, а храната и пијалаците да бидат прирака“, вели Карина Бистром.

    Исто така, времето за одмор е подобро во ненатрупана кабина. Намештајот е дизајниран за удобен и разновиден живот во кабината. Можностите за складирање се проширени, но тие се скриени зад ѕидовите и под креветот, така што опкружувањето останува мирно и спокојно. Други две области што се подобрени се креветот и осветлувањето.

    Во кабината има многу текстил што, покрај сè друго, е добро за нивото на бучавата, но и пластиката има важна улога. А тука главен беше квалитетот.

    „Во кабината на камионот има повеќе триење и кинење отколку што можете да си замислите. Погледнете го само управувачот стар неколку години“, рече Рикард Орел.

    За Volvo FH се развиени нови трајни површини, кои комбинираат мекост со матирана финализација. Овие површини долго време го задржуваат својот висококвалитетен изглед, а оттаму и висококвалитетниот изглед на целата внатрешност.

    „Јас лично мислам дека новите површини се попријатни на допир и поубави за очите“, рече Карина Бистром. .


    Нема веќе жешки ноќи

    I-ParkCool е името на новиот интегриран ладител за паркинг на Volvo FH, што ќе им помогне на илјадниците возачи добро да се наспијат. Тој вклучува голем број интелигентни идеи. Една од нив е тоа што не ја расипува висината за стоење во кабината – или аеродинамичноста на самото возило.

    Вести од светот!

    На местата со топла клима често се користи посебен ладител за ладење на кабината кога ќе се изгасне моторот. Поставен на таванот во кабината или на покривот, тој или го намалува просторот на возачот или ја зголемува потрошувачката на горивото. Volvo FH е единствен кој нуди наменски дизајниран интегриран ладител.

    Бидејќи I-ParkCool е интегриран во кабината, тој не ја нарушува висината за стоење, аеродинамичноста или пристапот кон отворот за случај на потреба. Исто така, тој тежи помалку од алтернативните ладители. А ќе има и други умни одлики: „Управуван од функцијата за климатизација на паркинг, ладителот и грејачот за паркинг работат заедно кога е потребно. Доколку ноќе температурата падне, греалката за паркинг автоматски помага да се одржи избраната температура“, објасни Улф Бјоркеруд, развоен инженер во Volvo Trucks.

    I-ParkCool ја одржува пријатната температура без опасност да имате празен акумулаторот наутро.

    Најчесто ладителот е потребен во почетокот на ноќта и наутро, кога сонцето повторно изгрева. Ноќе температурата често паѓа, и кабината може да се излади. I-ParkCool ја одржува пријатната температура во текот на ноќта, без опасност од празнење на акумулаторот.

    „Добриот ноќен сон ја подобрува ефикасноста и безбедноста. Возачот кој има потреба често да запира и да дремне, или, уште полошо возачот кој задремува на управувачот е товар за самиот себе, за транспортниот оператор и за другите возачи“, рече Улф Бјоркеруд.

    Што е уште поважно, доколку возачот прави пауза среде топол ден, I-ParkCool може да го засили ефектот на ладење до еден час. Тој има и вграден тајмер.

    Ладителот е високоефикасен, така што честопати е потребен само во кратки интервали. Комбинацијата на малото ниво на бучава во внатрешноста и новиот удобен кревет, значи дека добриот ноќен сон е сосема реален. Дури и во оние топло-ладно-топли ноќи.

    .
    За пар мокри ракавици за работа обично се потребни ден или два да се исушат.

    Сè е во деталите

    Направени се голем број мали подобрувања во новиот Volvo FH. Мали нешта што можат да направат голема разлика на долг пат.

    Едно од тие мали нешта е ормарчето за сушење. „Ормарчето за сушење е платнена торба со вентилатор во долниот дел. Кога не се користи, едноставно превиткајте го и ставете го настрана. Тоа значи дека речиси не зафаќа никаков простор во кабината“, рече Петер Јохансон, одговорен за ергономијата во Volvo Trucks.

    Покрај тоа што возачите на камиони поголемиот дел од времето се внатре во кабината, тие, исто така, мора да поминат значајно време надвор. На пример, при товарење и прикачување. Дождливите денови значат дека возачот ќе се наводени. Во таков случај, започнувањето на патувањето во сува облека може многу да значи.

    „Има доволно простор за јакна и помали предмети, како капа и ракавици. И чорапи, се разбира, за денови кога времето е навистина лошо“, рече Петер Јохансон.

    Новиот кревет е уште едно подобрување. Тој има комфорен душек и е поширок таму каде е најпотребно: 4 сантиметри кај главата и 5,5 сантиметри кај колковите. Наспроти тоа, крајот за нозете е 4 сантиметри потесен за да се зголеми просторот за седиштето на возачот.

    „Може не изгледа многу, само неколку сантиметри, но тоа се важни сантиметри. Креветот го чувствувате многу поголем во новиот Volvo FH“, рече Петер Јохансон.

    Област во која инженерите на Volvo напорно работеа е осветлувањето на кабината. Две нови светилки на таванот обезбедуваат генерално осветлување, закосени светилки за читање се поставени зад вас, на креветот и над седиштето на возачот, за да фрлаат светлина под оптимален агол.

    „Се обидовме да се ослободиме од сите сенки во кабината со подобро поставување на светилките. За да го избегнеме отсјајот користевме многу индиректна светлина. Пример за тоа е светилката на влезот која ги осветлува скалите без да ги заслепува очите“, рече Петер Јохансон.

    Исто така, просторите за складирање имаат подобро осветлување. Во преградата над креветот, светилката автоматски се вклучува кога ќе ја отворите вратичката.

    Кога возите во темница ја имате придобивката од подобрено ноќно осветлување – црвени LED светилки кои ви овозможуваат да го вклучите осветлувањето без да ја нарушите ноќната видливост.

    „Исто така, подобрена е и контролата на осветлувањето од кревет. Со новата контролна табла можете дури и да го затемните освелувањето или да одберете едно од поставените нивоа со прекинувачите за осветлувањето“, рече Петер Јохансон.

    Доколку сакате можете да изберете ладилникот да биде на полицата над креветот. Инаку тој е под креветот. Просторот од 33 литри ви овозможува да сместите доволно големо количество храна и дури пластични шишиња од 1,5 литри. Така што ладните пијалаци ќе бидат сè уште ладни кога ќе ги пиете.

    Ако едно шише вода не е доволно, можете да го наполните специјалниот резервоар кој има славина. Резервоарот е направен така што може да се стави во дополнителниот простор под подот и може да собере околу 7 литри вода. Повлечете, завртете ја славината и напијте се.

    Висината на тунелот на моторот е преполовена. Со тоа подот е порамен и по него може полесно да се оди. На подот има дебел килим за поголем комфор.

    Уште мали подобрувања? Што ќе речете за опцијата за фабрички поставена микробранова печка? Исто така, можете да изберете ТВ комплет, кревет со електрично или рачно нагодување. Седиштето за совозачот се врти со што се олеснува поставувањео на масата. Потоа, има универзални држачи за ...

    Голем број мали подобрување, сè со една цел – малку да се подобри животот на возачот во камионот. .

    Безбедност

    Поголемите прозорци, редизајнираната инструмент-табла и новите ретровизори ја подобруваат видливоста на возачот и го намалуваат ризикот од судири. Мали и големи.

    Вкупната корисна застаклена површина е зголемена за 17 проценти. Тоа најмногу се забележува на страничните прозорци.

    „Сега долниот раб на прозорецот е наведнат напред, што му помага на возачот да види дали нешто или некој е блиску до возилото“, рече Хана Дегерман, одговорна за видливоста.

    „Ништо не паѓа во очи и не им пречи на очите“

    Со подобра видливост на подлогата околу кабината, на возачот му е полесно да ги избегне ниските пречки и големите штети што тие ги предизвикуваат.

    Заедно со новите вертикални А-столбови, новиот дизајн на ретровизорите му овозможува на возачот 10 проценти поголема видливост. На страната на совозачот видливоста е зголемена за 20 проценти.

    Друго важно подобрување е дизајнот на инструмент-таблата. Новата форма е помалку наметлива.

    „Целата инструмент-табла има нов изглед, кој ја подобрува видливоста. Ништо не паѓа во очи и не им пречи на очите. Дел од ова е и новиот информациски дисплеј, кој е целосно интегриран и не е испакнат како кај претходните модели“, рече Хана Дегерман.

    Друго подобрување е можноста за поврзување на дури четири различни камери на информацискиот дисплеј, наспроти досегашната една камера. Ова помага за побезбедно возење, на пример при возење наназад, товарење или одвојување. .


    Најбезбедниот Volvo на светот

    Новата кабина е досега најцврстата кабина на Volvo. А најстрогиот тест на судир во светот покажува дека возачот има добри шанси да преживее судир при 80 km/h со стационарен објект.

    Новата серија Volvo FH е тестирана на судир повеќе од 1.000 пати (во комјутерски симулации) и 20 пати во реалноста. Тоа е многу повеќе од стандардно тестирање. Наспроти фактот дека тоа не е веќе потребно, Volvo продолжува да ги тестира своите возила според шведскиот стандард – меѓународно познат како „Шведски тест на удар“ и „Најстрог тест на судир на светот“.

    „Дури и кафематот е тестиран на судир“

    Симулацијата и тестирањето овозможија да се направи конструкција на кабината којашто обезбедува максимална заштита за возачот. Кабината стана поголема и поцврста.

    Тестовите на судир зад најцврстата конструкција на кабина на Volvo досега.

    Тестовите на судир ги потврдија придобивките од новата конструкција на кабината. Куклата за тестирање ги преживува и најтешките тестови, судир при 50 km/h со пречка во форма на камион. Во реалноста тестот може да се спореди со судир при 80 km/h со камион во мирување и покажува дека и возачот би го преживеал судирот.

    „Со новиот FH имавме можност да дизајнираме конструкција на кабина од нула, без ограничување. Ние ја искористивме оваа можност за да го направиме нашиот најбезбеден камион досега“, рече Мати Копонен од инженерингот за кабини во Volvo. Единствено за Volvo, тестот се врши со сите внатрешни елементи поставени и со полни прегради за складирање.

    „При судир не треба да постои можност да се повредите од нешто внатре во кабината. Дури и кафематот треба да остане на своето место“, рече Улф Торгилсман, специјалист за судири во Volvo Cab Engineering. .


    Ја гледате
    светлината?

    Volvo FH е првиот камион во светот што како стандард има отвор за излез во случај на опасност. Тоа е сончев покрив што има значително поголеми димензии. Придобивката, се разбира, е светла и пространа кабина.

    Половината од сите незгоди на камиони завршуваат со превртување на камионот. Излегувањето низ врата, кога возилото лежи настрана, може да биде навистина тешко. А сега, кога ветробранот е залепен, не постои опција да се исфрли. Решението е отворот за случај на потреба.

    „Никогаш не оставивме можност да направиме кабина без излез во случај на опасност“

    „Никогаш не оставивме можност да направиме кабина без излез во случај на опасност.“

    „Ако ветробранот е цврсто залепен, мора да постои друг начин возачот да избега. Тоа беше апсолутен услов“, рече Улф Торгилсман, специјалист за судири.

    Светларник преку ден и отвор за излегување во случај на потреба.

    Токму затоа секој Volvo FH сега има светларник направен како отвор за случај на потреба. Тој има димензии 50x70 сантиметри, што им дозволува дури и на многу крупните возачи лесно да излезат.

    И не само тоа, светларникот ги исполнува условите за излез во случај на опасност за камионите што превезуваат запаливи стоки, како бензин и други супстанции.

    Уште една удобност е големото количество светлина што влегува во кабината преку светларникот. Тоа ја подобрува добросостојбата на возачот и ја намалува потребата за електрично осветлување.

    „Пријатната атмосфера во текот на возењето е, исто така, важна за безбедноста. Така возачот полесно ќе остане внимателен. Може да се рече дека отворот за случај на потреба помага да се намали веројатноста дека ќе биде потребен во случај на опасност“, рече Мати Копонен во Volvo Cab Engineering. Ова одлично се совпаѓа со целта на Volvo за правење безбедни камиони. .


    20 сантиметри што спасуваат живот

    Volvo беше првиот со систем за предна заштита од навлегување под камион, што спречува автомобилите да бидат прегазени од камион. Во новиот Volvo FH, оваа заштита е дополнително подобрена, далеку над законските барања. Подобрената заштита е направена со цел да се спасат многу животи.

    „Новиот систем за предна заштита од навлегување под камион е како дополнителен нос на возилото. Старата заштита може да се повлече 10 cm при судир. Новата може да се повлече 20 cm“, рече Питер Рандбергет, развоен инженер за кабина и безбедност на Volvo.

    „Новиот систем за предна заштита од навлегување под камион е како дополнителен нос“

    Системот за предна заштита од навлегување под камион, или FUPS, е дизајниран за да ги заштити возачите на автомобили при судир со камион. На еден возач на камион што ќе загине во незгода меѓу автомобил и камион, загинуваат девет возачи на автомобили. Се разбира, незгодата во која ќе загине друг возач е трауматично искуство од кое многу возачи на камиони никогаш не можат да се опорават, така што добриот FUPS е во интерес на секого.

    FUPS на Volvo апсорбира дел од силата при судир со враќање наназад под камионот, како амортизер за автомобилот. Но, изработката на оваа нова заштита не беше воопшто едноставна. Правните органи бараат поголема заштита, меѓутоа транспортните компании сакаат да избегнат дополнителен товар.

    „Сакавме да направиме предна заштита од навлегување под камион што апсорбира енергија без да додадеме товар. Всушност, ја направивме полесна. Дел од решението беше алуминиумска конструкција“, рече Питер Рандбергет.

    Новиот систем за предна заштита од навлегување под камион беше тестиран во 500 компјутерски симулирани тестови на судир и дузина целосни тестови.

    „Со овој систем сакавме да одиме подалеку од правните барања. Затоа изработивме многу нови варијанти на тестовите и сега покриваме дополнителни 10 различни ситуации на судир. Убеден сум дека тоа ќе биде забележливо во индите статистики“, рече Питер Рандбергет.

    Статистиката на судири ги покажува апсолутните бројки за судирите, повредите и смртните случаи. Но, таа не покажува колку возачи на камиони никогаш не се опоравуваат од сообраќајните незгоди во кои загинал возач на автомобил. Или колку од нив ја менуваат професијата, односно колку сето тоа ги чини транспортните оператори, кои губат вештини и искуство. Ако постоеше ваква статистика, таа несомнено ќе ги покажеше придобивките од ефективниот систем на предна заштита од навлегување под камион. .

     
    Внимавај,
    камион!
    Во вакви ноќи, подобрената заштита на новиот Volvo FH е вистински комфор. Погледнете ги 5-те нови безбедносни одлики.

    Сигурност

    Кога надвор е црна темница, светлата за приоѓање му овозможуваат на возачот оддалеку да ја осветли внатрешноста и околината на возилото.

    „Ова ви овозможува да видите дали некој се шета надвор или внатре во камионот (и да избегнете да бидете нападнати). Во активираните светла се вклучени предните и задните светла на камионот и на приколката, страничните светла и внатрешното осветлување“, рече Карл Јохан Алмквист, одговорен за безбедност на сообраќајот и производите во Volvo Trucks.

    Подобрени се и бравите и алармот. Освен тоа, приколката може со сензори да се поврзе со алармот, така што тој ќе се вклучи доколку некој се обиде да ја отвори вратата од приколката. А изборот на ламинирани прозорци го отежнува провалувањето во кабината.

    Кога му приоѓате на Volvo FH со далечинскиот управувач на клучот можете да ја отклучите вратата на возачот, без притоа да ја отклучите вратата на совозачот. Притиснете еднаш за вратата на возачот и двапати за двете врати.

    „Ова го намалува ризикот од влегување на неканети гости низ вратата на совозачот додека возачот влегува од неговата страна на кабината“, рече Карл Јохан Алмквист. За натамошно зголемување на сигурноста на возачот, решетката може да биде опремена и со електромеханичка брава. Бравата на управувачот е, исто така, електромеханичка. .


    Сега можете веднаш да добиете помош на вашиот јазик – низ цела Европа. Стандардна во новиот Volvo FH, оваа умна нова технологија ја зголемува безбедноста на возачот и го намалува застојот за операторот. Ако нешто навистина тргне наопаку, едноставно притиснете го копчето: помошта никогаш не е далеку.

    На секој камион може да му се случи дефект, издишан пневматик или скршен ветробран. Но, ако тоа му се случи на Volvo, тогаш не сте сами. А сега помошта е уште побрза.

    Вести од светот!

    „Нема смисла да се одрекува – дефектите не можат целосно да се избегнат. Но, она што можеме да го направиме е да олесниме, колку што е можно повеќе, да се добие помош кога тие ќе се случат. Тоа го прави Volvo Action Service On Call. Притиснете го VAS-копчето и помошта наскоро доаѓа“, рече Кристијан Густавсон, одговорен за услугите на Volvo Trucks.

    Кога возачот го притиска копчето автоматски се повикува центарот за повици во Volvo Action Service, каде што се повикува оператор што го зборува јазикот на возачот. Операторот веднаш прима информации за тоа од кој камион доаѓа повикот и за местото каде што тој е лоциран.

    „Центарот за повици веднаш ја добива вашата точна локација“

    Возачот може да се концентрира на објаснувањето за тоа што се случило. Заедно со кодовите за грешките, ова објаснување ѝ помага на сервисната работилницата без доцнење да види во што е проблемот. Застоите се скапи – времето во возна состојба е животно прашање за профитабилноста.

    Volvo Action Service On Call – брза помош кога ви е најпотребно.

    „Благодарение на брзото пристигнување на точните информации во центарот за повици на VAS, честопати возилото може многу побрзо да биде ставено во возна состојба. Фактот дека помошта не е подалеку од притискање на едно копче, исто така, смирувачки влијае на возачот“, рече Кристијан Густавсон.

    „Голема предност е тоа што центарот за повици веднаш ја добива точната локација на камионот. На возачот во просек му се потребни осум минути за да објасни каде е лоциран камионот. Тоа се скапоцени минути во ситуација на дефект. Со VAS-копчето, благодарение на интегрираниот GPS, ова трае само една секунда“, рече Кристијан Густавсон.

    Копчето ја зголемува сигурноста и на други начини. Volvo Action Service може да му помогне на возачот кој ќе се разболи или кој треба брзо да стигне дома, на пример, поради итен случај во семејството. Може да се договори и помош со изнајмување на друго возило или приколка додека трае поправката.

    Volvo Action Service е отворен 24 часа дневно, 365 дена во годината. Тој има мрежа од повеќе од 1.100 сервисни работилници во Европа. Тоа значи дека нема да мора многу долго да ја чекате помошта, без оглед на тоа каде се наоѓате или во кое време од денот. Секој што вози нов Volvo FH има пристап до Volvo Action Service. .

    За да биде возачот
    поефикасен,
    дајте му далечински управувач

    Товарање

    Се сеќавате кога станувавте и одевте до телевизорот за да смените канал? Звучи старомодно, но тоа е реалност за возачот на камион кога тој товара. Сè досега. Со безжичниот далечински управувач може да се избегнат голем број непотребни влегувања и излегувања од кабината.

    Притиснете копче и возилото само се приспособува на висината на товарното место. Задниот конзолен лифт се спушта и товарењето започнува – дисплејот потврдува дека товарот е еднакво распределен без надминување на максималното оптоварување на оските. Откако ќе се натовари, затворете ја задната врата, влезете и возете.

    Вести од светот!

    Далечинскиот управувач заштедува време, без оглед на тоа дали товарењето го врши возачот или некој друг. Бидејќи дисплејот покажува цел спектар податоци од индикаторот на оптоварувањето, лесно е да се избегне преоптоварување и нерамномерно товарење, без да треба постојано да влегувате и излегувате од кабината за да го проверувате индикаторот.

    „Пред неколку години им дадовме на возачите да го тестираат првиот далечински управувач. Реакциите на прототипот беа многу позитивни, така што ние продолживме да ја развиваме вистинската работа“, рече Маркус Олсон, специјалист за компоненти во Volvo, што работи со далечински управувачи.

    Со помош на далечинскиот управувач може да се крева и да се спушта потпирањето, камионот да се навали на едната страна, да се ракува со задниот конзолен лифт, да се контролира осветлувањето за товарење, да се стартува, запира и да се менува бројот на вртежи на моторот – и да се заклучува возилото.

    Далечинскиот управувач има три различни режими: товарење, опрема и заменливи сандаци. Возачот во голема мера одлучува за тоа кои функции се достапни за секој режим.

    „Работата станува многу полесна кога можете да застанете надвор од камионот и да погледнете отстрана. Убеден сум дека оваа мала направа ќе ви помогне на безброј начини“, рече Маркус Олсон. .

    Подобро, побрзо, понепречено

    Доаѓаат подобри времиња за возачите што ги минуваат деновите во менување на товарот и приколките. Со малите идеи во технологијата големите задачи се прават подобро, побрзо и понепречено.

    Само замислете, приколката може да се помести на едната страна за да биде поблиску, дури и кога товарното место не е право. Тоа се прави со кревање и спуштање на потпирањето на секоја страна на камионот. Заедно со можноста за кревање и спуштање на предното или задното потпирање, приколката станува повеќенаменска.

    „Можете поблиску да пријдете до ниските објекти“

    Брза замена на заменливи сандаци. Со користење на безжичниот далечински управувач, замената на заменливите сандаци сега е поедноставна. Двете фиксни позиции станаа три, и сите можат да се зачуваат. Тоа значи дека возачот може да ги зачува трите стандардни висини за заменливите сандаци и да ја приспособи висината на возилото со притискање на едно копче, наместо секојпат рачно да ја мери.

    Го памти товарното место. Постојат дури и фиксни поставки за товарење. Возачот може да зачува четири различни висини, така што камионот автоматски се приспособува на претходно поставената висина со притискање на едно копче: брзо поставување за возачите кои често се враќаат на истите или на слични товарни места.

    Индикатор на оптоварувањето што можете сами да го калибрирате. Заштедувајќи време и трошоци за сервисната работилница, ова му овозможува на возачот или на операторот да го калибрира индикаторот на оптоварувањето секогаш кога е достапна вага. Калибрацијата се врши од кабината, со индикаторот на оптоварувањето – каде што можат да се зачуваат податоци за 20 различни приколки.

    Задно потпирање со поголем òд. Поголемиот òд помага при менување на приколките, така што му дозволува на возачот доволно да го спушти возилото за да влезе наназад под приколката. А потпирањето има обратно монтиран стабилизатор за бочна крутост, така што можете поблиску да пријдете до ниските објекти, како што се товарните места и машините за асфалтирање. .

    Сервис
    во òд

    Време во возна состојба

    Новиот Volvo FH овозможува повеќе од кога било досега да се зголеми времето во возна состојба. Неговата нова технологија овозможува сервисната работилница да направи проверка на виталните делови додека тој е на патот. Тоа значи дека одржувањето може да се планира според тоа кога е навистина потребно.

    Ова делче од светските новини е овозможено со телематичката порта, единицата за комуникација во Volvo FH што овозможува камионот, возачот и операторот да бидат чекор напред во разни ситуации. За одржување базирано на реалните потреби, таа испраќа извештај до сервисната работилница, така што сервисерот може да го види статусот на виталните делови, како плочките на сопирачките, спојката, акумулаторот и сушачот на воздух.

    „Ако тие се во подобра состојба од очекуваното, сервисната работилница може да го приспособи планот на сервисирање, така што возилото ќе оди на сервис кога навистина ќе биде потребно“, рече Кристијан Густавсон, задолжен за услугите на Volvo Trucks во Европа.

    Како дел од новата понуда на новиот Volvo Gold Contract, тоа ќе им овозможи на потрошувачите да заборават на планот на сервисирање и да остават сервисната работилница да се погрижи за тоа. Сервисерот ќе води евиденција за километражата на камионот, за тоа колку брзо се абат деловите и, соодветно на тоа, ќе го приспособи планот за сервисирање, односно ќе ве повика за сервисирање на камионот кога ќе биде потребно.

    „Можноста да ја проверите истрошеноста оддалеку значи дека не мора многу често да ја посетувате сервисната работилница, а притоа сервисот да го направите пред да биде предоцна“, рече Кристијан Густавсон.

    „Тоа е како да имате виртуелен сервисер во камионот“

    Одржувањето помина долг пат кон исполнувањето на индивидуалните потреби на камионот. Фактот што има толку многу работи што треба да се сервисираат на камионот значи дека ова одржување што се базира на реалната состојба ќе има значаен ефект врз времето што камионот ќе го помине во возна состојба и врз профитабилноста на операторот.

    „Транспортниот оператор поефикасно го искористува камионот и добива повеќе тонкилометри“, рече Кристијан Густавсон.

    Во случај на дефект, единицата за комуникација ги праќа кодовите на грешка до Volvo Action Service, кој ја контактира најблиската сервисна работилница на Volvo, за да можат вистинските механичари, алатки и резервни делови да се испратат со сервисното возило.

    „Испраќањето механичар на далечина од неколку часа, за да го одреди дефектот и да се врати назад во сервисната работилница за да ги земе вистинските делови е огромна загуба на ресурси“, заклучи Кристијан Густавсон.

    „Во овие ситуации далечинската проверка може дури да значи дека камионот по поправката може навреме да ја направи испораката. Тоа е како да имате виртуелен сервисер во камионот.“ .


    100% време во возна состојба
    Ветување испишано со злато

    Многу транспортни оператори открија дека договорот за сервисирање на Volvo е одличен начин да се зголеми времето во возна состојба, а тие да се фокусираат на заработката. Најдоброто решение досега беше Volvo Gold Contract. Но, со подобар Volvo FH, сега може да се направи уште подобар бизнис-предлог.

    Новиот Volvo Gold Contract нуди 100% време во возна состојба. И тоа е ветување.

    Како е тоа можно? Како партнерство, новиот договор му помага на Volvo подобро да ја разбере работата на своите клиенти. Со поврзаноста на новиот Volvo FH ѝ овозможува на сервисната работилница да преземе проактивна улога – проверка на виталните делови додека камионот вози и приспособување на распоредот за сервисирање според реалната состојба. А бидејќи реалната состојба никогаш не може целосно да се предвиди, тој ги комбинира Volvo Action Service On Call и мрежата од 1.100 сервисни работилници – секоја од нив посветена на точна првична дијагноза и поправка.

    А тоа нè води до уште едно ветување испишано со злато – обезбедување возна состојба. Во случај на застој, ќе ве вратиме повторно на патот во рамките на договорениот период. Всушност, ако тоа потрае подолго, Volvo ќе ви плати. Сето тоа е дел од договорот.

    Се разбира, Volvo го познава својот бизнис, како што вие го познавате вашиот, а новиот Volvo FH е камион на кој секој може да се потпре.

    Додајте го новиот златен договор на вашиот Volvo FH. Вреди колку што тежи само кога е во возна состојба. .


    Не грижете се за иднината

    Технологијата од иднината веќе го најде своето место во новиот Volvo FH. Со мала помош од новата единица за комуникација, одликите можат да се надградуваат онолку често колку што сакате, без никаква непријатност. Самата технологија е подготвена за иднината.

    Кога Volvo FH ќе излезе од фабриката, ние знаеме дека некои од неговите одлики ќе се развиваат повеќе пати во текот на неговиот животен век. Софтверските системи што ги контролираат, на пример, преносот, инструментацијата и моторот, сега можат да се ажурираат онлајн.

    „Кога ќе развиеме метод за менување на степените на пренос со поефикасна потрошувачка на горивото, камионот може да се надгради без одење во сервисна работилница“, рече Кристијан Густавсон, одговорен за услугите на Volvo Trucks.

    „Тоа значи дека добивате подобар камион – без дополнителни посети на сервисната работилница.“

    Телематичка порта е единица за комуникација поврзана со компјутерите што ги управуваат моторот и менувачот. Таа е, исто така, поврзана со сензорите што ја проверуваат состојбата на деловите, со Dynafleet, со тахографот и со другите важни функции. Таа може да ги сподели информациите од овие системи со сервисната работилница, често во форма на кодови на грешки.

    „Тоа е како портал за цел спектар вредни одлики што заштедуваат време“, рече Кристијан Густавсон

    Благодарение на телематичката порта, сервисната работилница може онлајн да ја следи состојбата на деловите на камионот, пред закажаното планирано одржување. Ако деловите се потрошени помалку од очекуваното, одржувањето може да се одложи. На тој начин транспортниот оператор ги избегнува непотребните посети на сервисната работилница и непланираните застои.

    Како телематичката порта го зголемува IQ на превозот со камиони.

    Друга важна одлика овозможена од единицата за комуникација е VAS-копчето. Ова стана стандард и овозможува директна врска со Volvo Action Service On Call – отворен 24 часа дневно, 365 дена во годината, со повеќе од 1.100 сервисни работилници низ Европа.

    „Портал за вредни одлики што заштедуваат време“

    „При дефект, возачот го притиска копчето. Возилото се јавува во центарот за повици на Volvo Action Service и праќа информации за возачот, така што возачот се поврзува со оператор што го зборува неговиот јазик“, рече Кристијан Густавсон.

    Исто така, операторот може да види каде е лоцирано возилото, нешто што одзема многу време доколку треба да се одреди преку телефон.

    „Кога операторот добива витални информаци директно од единицата за комуникација, возачот не мора да биде тој што му помага, туку обратно – како што и треба да биде“, рече Кристијан Густавсон. .